Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН предложена од САД за прекинот на огнот во Газа

March 22, 2024
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Русија и Кина ставија вето на последниот обид во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денес, предводен од Соединетите Американски Држави (САД) кој го поврзува прекинот на огнот во Газа со ослободувањето на заложниците од Хамас и повика на поддршка за дипломатијата, јавува Анадолу.

Резолуцијата доби значителна поддршка во Советот, при што 11 од неговите 15 земји членки гласаа „за“. Сепак, Русија и Кина, како постојани членки на Советот, гласаа „против“, не изгласувајќи ја резолуцијата. Алжир, исто така, гласаше „против“, додека Гвајана беше воздржана.

Во резолуцијата, која ја нагласува важноста на одржливиот прекин на огнот, што треба да се постигне преку дипломатски напори, се истакнува дека „Хамас и другите терористички и екстремистички групи не го претставуваат палестинскиот народ“ и се истакнува дека Хамас е означен како „терористичка организација од некои земји членки“.

Коментирајќи го ветото на Русија и Кина, Линда Томас-Гринфилд, претставничка на САД во ОН, рече: „Русија и Кина едноставно не сакаа да гласаат за резолуција што беше напишана од Соединетите Американски Држави, бидејќи повеќе би сакале да не успееме отколку да видат дека овој Совет успеал.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Красниќи на тригодишнината од Владата на Курти: Три години измама и деградација

Следно

Советот за безбедност на ОН ја одби американската резолуција за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop