Русија и Белорусија ја започнаа втората фаза од заедничките нестратешки нуклеарни вежби

June 11, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Вооружените сили на Русија и Белорусија денеска ја започнаа втората фаза од заедничките нестратешки нуклеарни вежби, јавува Анадолу.

„Во согласност со одлуката на претседателот на Руската Федерација, започна втората фаза од вежбата на нестратешки нуклеарни сили“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

За време на вежбата, Вооружените сили на Русија и Белорусија ќе бидат обучени за употреба на нестратешко нуклеарно оружје во борба.

„Вежбите имаат за цел да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на Русија и Белорусија, со цел безусловно да се обезбеди суверенитетот и територијалниот интегритет на Унијата на држави“, се вели во соопштението.

Во претходната фаза од заедничките воени вежби, одржани минатиот месец во Јужниот воен округ на Русија, руските и белоруските војници беа обучени за процесот на набавка на специјализирана муниција за тактичкиот ракетен систем Искандер, од почетната фаза на подготовка до последната фаза на нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саутгејт: Си заминувам ако не го освојам ЕП

Следно

Надлежните си ја префрлаат одговорноста за санирање на потпорниот ѕид над Детската клиника

Latest from Blog

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за

МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА СО УСЛОВ: Ова го бара Брисел од Балканците

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на земјите од Западен Балкан за да разговараат за

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион  долари. Голем дел од опремата се
Go toTop