Русија ги повика Иран и Израел на воздржаност

April 11, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија денес ги повика Израел и Иран на воздржаност по израелските напади врз иранската дипломатска мисија во Сирија на почетокот на овој месец, јавува Анадолу.

„Сега е многу важно сите да покажат воздржаност за да се избегне целосна дестабилизација на ситуацијата во регионот“, изјави на брифинг во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател потсети дека Русија „многу силно“ го осудила израелскиот напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск, Сирија, во кој загинаа 13 лица.

„Ова е кршење на сите принципи на меѓународното право“, нагласи Песков, истакнувајќи дека ниту Иран ниту Израел не побарале помош од Москва за намалување на тензиите.

Осврнувајќи се на намерата на Швајцарија да одржи мировна конференција за Украина, Песков рече дека какви било разговори за Украина без учество на Русија „немаат смисла“.

Тој потсети дека поминале две години од руско-украинските преговори во Истанбул.

„За две години… ситуацијата се смени. А геополитичката реалност е многу поинаква отколку што беше во март 2022 година“, рече Песков.

Песков, исто така, го критикуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски за тоа што во интервју за германската државна медиумска група Аксел Спрингер изјави дека руската инфраструктура, вклучително и мостот што го поврзува полуостровот Крим со копното, е „приоритетна цел“ за Киев.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека таквите изјави докажуваат дека Русија имала право кога ја започнала својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светска Банка за Албанија: Економски раст во 2024 година 3,3 отсто, јавниот долг се очекува да падне на 58,2 отсто

Следно

Еј животе, конзерво сардини

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop