Руни сака да му биде помошник на Гвардиола во Сити

February 21, 2024
1 min read

„Доколку Пеп Гвардиола би ме повикал да бидам дел од неговиот стручен штаб би ја прифатил таквата идеја, Би отишол во Манчестер сити“, изјави Руни за англиските медиуми.

Руни на 16-годишна возраст дебитираше за Евертон, а една година подоцна стана англиски репрезентативец. На 20 години го облече дресот на Јунајтед за кој на 559 натпревари постигна рекордни 253 голови. До неодамна беше и најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.

Руни, кој на почетокот на оваа година доби отказ на тренерското место во второлигашот Бирмингем, истакна дека би можел многу да научи од Гвардиола како негов помошник.

„Погледнете ги резултатите кои Микел Артета ги постигнува на клупата на Арсенал. Прилично сум верен дека добар дел од тоа што сега го применува го научил за време на соработката со Гвардиола. За мене Пеп е најдобриот тренер во светот“, порача Руни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер: Од клучна важност е на 8 мај луѓето да излезат и да гласаат, да побараат од кандидатите визија за иднината на државата

Следно

Песната на Израел за Евровизија може да биде дисквалификувана како премногу политичка

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop