Роналдо за „тројката“ која сака да ја види во Реал: Ќе биде лудо, неверојатен тим кој ќе постигне извонредни работи!

March 12, 2024
1 min read

Роналдо е поранешен играч на Реал Мадрид и како таков дефинитивно има љубов и симпатии кон шпанскиот великан за кого настапуваше во периодот од 2002 до 2007 година.

„Кралевите“ се тим кој секогаш има највисоки амбиции како дома така и во Европа, а тоа многу добро го знае Роналдо кој даде коментар за тимот кој сега се составува на „Сантијаго Бернабе“ каде летово треба да пристигне Килијан Мбапе, плус голема желба во наредниот период е да се донесе и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

-Политиката на Реал Мадрид е да ги има најдобрите играчи во светот. Халанд е еден од најдобрите играчи во светот. Сите сакаат да го имаат Халанд. Тој е во неверојатен клуб. Сити прави неверојатна работа, мислам дека е многу среќен таму во моментов. Ама ќе видиме. Се надевам дека ќе можеме да ги видиме сите тие играчи заедно во еден клуб.

-Ќе ме потсетат на Галактикос ако сите тие (Халанд, Мбапе, Белингем) завршат во Реал Мадрид. Ако тоа се случи (сите потпишат) за Реал Мадрид], ќе биде лудо, да се гледа Реал како игра со сите тие играчи заедно. Тоа ќе биде неверојатен тим кој ќе постигне извонредни работи. Тоа ќе биде голем предизвик за Карло Анчелоти да ги води сите тие играчи. Но, здружувањето на добрите играчи е полесно отколку здружувањето на лошите играчи. Тоа нема да биде преголем проблем за тренерот, -рече Роналдо за „Дејли Мејл“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови 129 санкционирани возачи во Скопје

Следно

ОВОЈ ЧОВЕК ВЛИЈАЕШЕ КОНЕЧНО ДА СЕ СМИРАТ ТРИТЕ: Анастасија Ражнатовиќ очи не сакаше да си види со свекрвата и сестрата на Гудељ, а сега позираат прегрнати (ФОТО)

Latest from Blog

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња

Американскиот претседател Доналд Трамп им посака на сите Среќен Божиќ на својот профил на социјалните мрежи, „вклучувајќи ги и радикалните левичарски ѓубриња“, осврнувајќи се на своите демократски противници, кои редовно ги обвинува

„Водовод“ Битола најавува 14 нови проекти во 2026 за зголемување на приходите и стабилизација на работењето

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола во 2026 година планира реализација на повеќе од 14 проекти, со вкупна вредност од околу 65 милиони денари, со цел зголемување на приходите и постепено намалување на финансиската

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 декември. Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар.

122 години од издавањето на „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков

На 25 декември во 1903 година во Софија излегла од печат книгата “За македонцките работи” од македонскиот публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност
Go toTop