Роналдо: Мбапе не знае да игра како централен напаѓач

February 3, 2025
1 min read

Кристијано Роналдо го предупреди Килијан Мбапе дека ќе му биде тешко да се прилагоди на новата позиција. По преселбата во Реал Мадрид, Французинот игра во центарот на нападот, а во Пари Сен Жермен најчесто беше крило. Роналдо ја направи истата транзиција во една фаза од кариерата.

-Комплицирано е затоа што според мене тој не знае да игра како напаѓач или подобро кажано, не е дека не знае, но тоа не е негова позиција. Да бев во Мадрид, ќе му покажав како да игра како број девет“, рече Кристијано.

Португалската ѕвезда ги повика Реал и навивачите на тимот да му дадат поддршка на Мбапе, опишувајќи го како најдобар напаѓач во светот. Португалецот призна дека повремено ги гледа натпреварите на Килијан и додаде дека на неговиот син Матео многу му се допаѓа Французинот.

-Тој е многу добар. Навивачите мора да го поддржат и да го бранат. Клубот мора да помогне. Нема сомнеж дека ќе им донесе многу радост на навивачите на Реал. Го сакам, не само поради неговата приказна како дете, како го сакал Кристијано и дека јас сум му идол. Мислам дека е врвен играч, изјави Роналдо.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЕДЕН ДЕН: Откриени 70 телефони кај притвореници при претрес во Затвор „Скопје“

Следно

Мемов за ТВ 24: Доаѓа мисијата на ММФ – на маса и состојбите на ПИОМ

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop