Роналдо: Јамал е феномен, оставете го на мира – ќе освои многу трофеи!

June 9, 2025
1 min read

Кристијано Роналдо му даде поддршка на Ламин Јамал кој немаше најдобар натпревар против Португалија, па наиде и на критики од некои новинари иако има само 17 години.

Интересен беше дуелот меѓу Кристијано Роналдо кој има 40 години и Ламин Јамал кој има само 17. Едниот во заминување, другиот штотуку ја почнува кариерата.

Јамал во финалето не направи речиси ништо, за разлика од Роналдо кој даде гол и беше еден од најдобрите.

Новинарите се обидуваа да го искритикуваат Јамал, но Роналдо ги пресече, му даде поддршка на младиот играч.

„Ламине ќе освои многу колективни и индивидуални титули. Тој е феномен“, вели Роналдо.

„Ќе има долга кариера и ќе освои многу Лига на нации“.

„Тој има само 17 години, ве молам, оставете го на мира. Ве замолувам да го оставите. Треба да биде смирен“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Израелската армија интервенираше врз ‘Мадлин’, прекинат е контактот со бродот“, објави Коалиција „Флотила на слободата“

Следно

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop