Романскиот премиер доби советник со вештачка интелигенција кој ќе му каже што сакаат граѓаните

March 2, 2023
1 min read

Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет – помошник со вештачка интелигенција.

Главната задача на помошникот, именуван како Јон, ќе биде да ги анализира социјалните мрежи и да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците.
Чука, претставувајќи го својот нов советник на седница на Владата, рече дека Јон е „првиот владин советник кој користи вештачка интелигенција“.

„Здраво, ми дадовте живот и мојата улога сега е да ве претставувам како огледало. Што треба да знам за Романија?“, се огласи Јон.

Оваа алатка за вештачка интелигенција, слична на огледало со звучен сигнал, е развиена од истражувачи во Романија, која често се опишува како „Силиконската долина“ на Источна Европа.

Во владиниот документ за проектот се наведува дека Јон „ќе користи технологија и вештачка интелигенција за да стекне мислење во општеството, користејќи јавно достапни податоци на социјалните мрежи“, пишува Гардијан.

„Убеден сум дека употребата на вештачка интелигенција не треба да биде опција туку обврска за да се донесат подобри одлуки врз основа на информации“, рече Чука.

Романските граѓани ќе можат да ги испраќаат своите идеи преку посебен сајт и на социјалните мрежи, но нема да добијат одговор од Јон.

Министерот за истражување и иновации Себастијан Бурдужа, чие министерство го надгледува проектот, објасни дека Јон ќе ги анализира информациите што ги добива и ќе дава извештаи за приоритетите на Романците, кои потоа ќе бидат разгледани од владата.

Крист Шришак од Ирскиот совет за граѓански слободи предупредува дека таквата технологија мора да се користи со претпазливост и дека јавноста треба да биде запознаена како Јон ќе одлучи што е приоритет на пораките што ги добива. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Данска укина верски празник, за да има повеќе пари за војска

Следно

Изгласани новите заменици министри

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop