Романија: Премиерот Боложан ги претстави приоритетите за економијата и безбедноста пред амбасадорите на ЕУ

November 12, 2025
1 min read

Романскиот премиер Илие Боложан денеска ги претстави приоритетите во сферата на економијата и безбедноста на средба со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ и на Европската комисија, организирана во контекст на ротационото претседателство на Данска со Советот на ЕУ (втората половина на 2025 година), јави агенцијата Аџерпрес.

Во соопштението за медиумите од романската Влада се наведува дека премиерот Боложан му честитал на данското претседателство за неговите напори во две важни области на делување на европско ниво: безбедност и одбрана, како и економски развој и конкурентност.

Боложан посочил дека во економската област, приоритетите се насочени кон враќање на Романија во фискална рамка која ќе ги стабилизира финансиите на земјата и ќе создаде услови за развој и економски раст во наредните години. Според соопштението, акцентот во моментов е ставен на мерките за намалување на буџетскиот дефицит, имплементацијата на ревидираниот Национален план за закрепнување и отпорност и продолжувањето на процесот на административна реформа.

Во однос на зајакнувањето на безбедноста на Романија, целта на Владата е да ја модернизира опремата на армијата и да ја обнови романската одбранбена индустрија, вклучително и со искористување на можностите што ги нуди програмата SAFE (Safety Action for Europe), во која Романија има значително учество.

Романскиот премиер нагласил дека безбедноста на Црното Море останува главен приоритет за Романија и дека усвојувањето на стратегијата на ЕУ за Црното Море испраќа особено важна политичка порака за значењето што му се придава на регионот, особено во контекст на дестабилизирачкото влијание на руската агресија.

Романија ќе продолжи да ја поддржува Украина, вклучувајќи ги и напорите за постигнување траен и праведен мир, се вели во соопштението.

Во контекст на неодамнешното претставување на пакетот за проширување за 2025 година од страна на Европската комисија, Боложан изјавил дека Романија го поддржува процесот на проширување и дека се потребни решенија за да може Република Молдавија и Украина да ги отворат кластерите во рамките на преговорите за пристапување во ЕУ што е можно поскоро.

Романската Влада ги поддржува иницијативите на ЕУ за зголемување на европската конкурентност, насочени кон поедноставување на законодавството, обезбедување енергетска безбедност преку подобра меѓусебна поврзаност меѓу земјите членки, особено во однос на електричната енергија, и обезбедување прифатливи цени на енергијата, информираат од владината прес-служба.

– Треба да се најдат флексибилни решенија и за процесот на декарбонизација, за да не влијае на конкурентноста на претпријатијата или граѓаните, посочил Илие Боложан пред дипломатите.

Романскиот премиер, исто така, ја потврдил целта за пристапување на Романија кон Организацијата за економска соработка и развој во 2026 година.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до семејството на Славица Свидерска

Следно

AI GEMINI следи се на GMAIL? Tужба за следење во САД

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop