Родителот кој доби 11 месеци затвор за напад на двајца 15 годишни фудбалери ќе се жали на одлуката

October 27, 2025
1 min read

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ на фудбалскиот натревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи учествуваше во инцидентот, а во кој беа повредени двајца 15 годишни фудбалери најави желба на пресудата до Апелациониот суд во Штип. Алиспахиќ вели дека очекувале ослободителна пресуда, бидејќи неговиот клиент, 43 годишниот родител не ги тепал 15 годишните фудбалери во спорната 89 минута на натреварот меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи на 24 август.

-Секако дека обраната не е задоволна од ваквата изречена пресуда, со оглед на теоријата на случај, која ја застапуваше од самиот почеток, а тоа е дека истиот воопшто не ги преземал дејствијата, коишто му се ставаат на товар. Ова е неправосилна пресуда, по добивањето на писмената пресуда, секако дека ќе го искористиме правото да вложиме жалба до повисокиот суд, вели Алиспахиќ.

Прашан која е тезата на одбраната и дали имало насилство на теренот, бранителот Алиспахиќ со одговор дека не само што немало насилство од страна на неговиот клиент, туку, како што вели, не ги ни сторил тие дејствија што му се ставаат на товар.

-Се случува еден немил настан помеѓу децата на двете екипи, Фудбалскиот клуб Шкупи и Фудбалскиот клуб Брегалница. Но, тие немили настани не ги инволвираат родителите на двата клуба, туку родителите на двата клуба се обидуваат да ги спречат тие немили настани, којшто се случуваат помеѓу децата, фудбалерите на двете екипи. Токму и она што како перцепција можевме да го видиме во јавноста е пристап на родители со цел да се раздвојат децата, со цел да не се создаде поголема конфузија и нервоза, рече Алиспахиќ.

Од Основното јавно обвинителство за МИА велат дека пресудата за овој случај е денеска изречена во штипскиот Основен суд. Откако ќе биде прочитана, разгледана, обвинителството ќе оцени дали ќе поднесе жалба до повисокиот суд, односно до Апелациониот суд во Штип.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

“МИЛИЦЕ, ТИ СИ КАРЛЕУША ОД АЛИ ЕКСПРЕС“

Следно

Ако ги чуете овие две реченици од маж, знајте дека тој е вистинскиот за брак

Latest from Blog

Instagram конечно доби „Историја на гледање“ – нова функција што ќе ви го смени користењето на апликацијата!

Популарната социјална мрежа Instagram, која е во сопственост на Meta, ја воведува новата и долгоочекувана функција „Историја на гледање“ (Watch History). Овој потег е директен одговор на фрустрациите на корисниците кои со

ДИК утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

– Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија на лицето  Монди
Go toTop