Ристовски за Newsmax Balkans: Создаваме генерации што ќе ја претставуваат Македонија со гордост

August 30, 2025
1 min read

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во интервју за Newsmax Balkans зборуваше за приоритетите и идните планови на ресорот, нагласувајќи дека фокусот останува на инвестициите во спортската инфраструктура и системската поддршка за младите спортисти.

Ристовски потсети дека во првата година од постоењето на Министерството за спорт главен предизвик бил деблокирањето на заостанати проекти кои со години биле во застој. Меѓу нив се изградбата и пуштањето во употреба на неколку спортски базени, реконструкцијата на спортските сали во Радовиш и Ново Село, како и почетокот на реконструкцијата на салата „Рasadnik“.

„Нашата цел беше младите спортисти да добијат современи услови за тренинг, а локалните заедници инфраструктура за секојдневни спортски активности. Успеавме да завршиме работа која со години постоеше само на хартија,“ изјави министерот.

 

Во моментов е во тек изградбата на спортска сала на Воената академија, како и подготовките за спортски центар во близина на скопскиот аеродром. Дополнително, во Крушево започна изградба на современа спортска сала која ќе биде база за подготовка на македонските национални репрезентации.

„Верувам дека за две до три години ќе можеме да кажеме дека Македонија располага со респектабилна спортска инфраструктура. Тоа ќе значи услови за меѓународни натпревари, но уште поважно – простор каде младите ќе можат да се развиваат,“ додаде Ристовски.

Освен на инфраструктурата, Министерството работи и на подготовка на законски измени за зголемена транспарентност во финансирањето на спортот. Средствата, како што истакна министерот, мора да завршуваат кај вистинските корисници – клубови, федерации и млади таленти.

„Поддршката мора да биде јасна и транспарентна. Нашата цел е да изградиме систем во кој клубовите и федерациите ќе имаат сигурност во финансирањето, а младите спортисти вистинска шанса да го покажат својот потенцијал,“ рече тој.

Ристовски нагласи дека спортот е еден од најсилните инструменти за промоција на државата на меѓународна сцена и најави продолжување на соработката со локалните самоуправи, федерациите и спортските работници.

„Спортот е повеќе од рекреација, тој е дел од идентитетот и меѓународната афирмација на државата. Со вложувања во инфраструктура и поддршка за младите, Македонија може да стане регионален пример за развој на спортот,“ порача министерот.

Тој заклучи дека визијата на ресорот е спортот да стане национален приоритет и секое дете да има можност да се занимава со спорт:

„Со континуирана работа и посветеност, за три години можеме да направиме историски исчекор за спортот и да создадеме генерации кои со гордост ќе ја претставуваат Македонија.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шоу на Лапорта: Претседателот на Барса лежи на тревникот на “Камп Ноу“!(ВИДЕО)

Следно

По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица: Тажната вистина за исчезнатите лица во Србија

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop