Ристовски: До крајот на летото сите пет базени ќе бидат пуштени во употреба и ќе бидат предадени на владение на општините во кои се изградени

July 28, 2025
1 min read

Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Општина Кисела Вода денеска свечено го пуштија во употреба новиот базен од затворен тип што се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода.

Овој базен е дел од проектот за изградба на пет базени низ државата, започнат од поранешната Агенција за млади и спорт уште во 2019 година, но оставен недовршен со реализација од околу 20%.

-Во интерес на граѓаните и на спортот, се заложивме да го откочиме процесот и да ги доградиме овие базени, настојувајќи тоа да биде реализирано брзо, квалитетно и ефикасно. Драго ми е што го откочивме тој процес и што денеска го пуштаме во употреба првиот од тие фамозни пет базени. Упатувам благодарност до градоначалникот на Киселе Вода, Орце Ѓорѓиевски за одличната соработка без која не ќе беше можно да го реализираме овој проект во толку краток рок. Ова е уште една работа којашто ветивме ќе ја направиме и ја исполнуваме во оваа прва година од формирањето на Министерството за спорт. До крајот на летото сите пет базени ќе бидат пуштени во употреба и ќе бидат предадени на владение на општините во кои се изградени – изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Поздравувајќи го отворањето на базенот кој ќе биде од најголема полза за учениците од ООУ „Невена Георгиева Дуња“, но и за сите основци од општина Кисела Вода, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека Владата останува насочена кон реализацијата на проектите и на реформите.

-Да завршиме ушто многу вакви проекти. Многу е важно сето она што е почнато да се заврши, да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време. Без разлика дали ни се допаѓало или не ни се допаѓало во минатото, пари се трошени од граѓаните и мора да да се заврши и да биде ставено во функција за да може граѓаните да го користат. Остануваме Влада којашто ќе биде насочена кон реализација на проекти и реформи и Влада којашто гледа кон иднината – рече Мицкоски.

Отворен базенот во ООУ„Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, еден од петте кои ќе се отворат до крај на летово

Вкупната инвестиција за изградбата на овој базен изнесува 46.551.713 денари. Со него ќе управува Општината Кисела Вода, а ќе го користат учениците од училиштето како и спортистите.

-Приоритет ќе имаат учениците од ООУ „Невена Георгиева Дуња“, како и учениците од другите основни училишта на подрачјето на општина Кисела Вода. Потоа базенот ќе биде достапен и за спортските клубови и за граѓаните. Благодарност до Владата и до Минстерството за спорт за реализацијата на овој проект кој практично покажува како треба да функционира соработката меѓу државната и локалната власт кога се работи за заеднички цели – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обилни дождови го поплавија јужниот полски град Келце

Следно

На саемот IDEF 2025 беа потпишани договори во вредност од 9 милијарди долари

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop