Ристоска: Размислувам дали да се кандидирам по втор пат, не сакам да ја легитимирам одлуката на владата, ќе тужам за клевета

August 6, 2025
2 mins read

„Сите настани што се случуваа во изминатиов период – клеветничките кампањи, укажувањата да ја повлечам апликацијата, нетранспарентноста на владата при поништување на листата, ме наведоа на заклучок дека не треба да се појавам пред меѓународниот панел на судии во Стразбур. А дали е тоа така и зошто, треба да се праша владата. Не би сакала да верувам дека мојата јавно обвинителска работа и предметите по кои постапувам имаат врска со одлуката на владата. Во однос на повторна кандидатура – тоа не е прашање само на лична волја, туку и на принцип. Размислувам да не се кандидирам, бидејќи така би му дала легитимитет на новиот избор, а би го делегитимирала стариот“. Ова за Призма го изјави обвинителката Ленче Ристоска која рече дека поништувањето на изборот во голема мера, го компромитира целиот избор, бидејќи со игнорирањето на стручната проценка, испраќа сигнал дека критериумите и процедурите не важат за сите.

Ристоска обвини дека токму владата со ваквиот однос атакува врз интегритетот на сите кандидати, но фрла сенка и врз намерите на владата, врз новоформираната комисија, а ќе фрли сенка и врз новоизбраните кандидати.

На прашањето на БИРН дали зад одлуката на владата се крие намерата обвинителката да не се појави пред меѓународниот панел на судии во Стразбур и дали ќе се кандидирате на новиот оглас, Ристоска вели:

„Побарав јавно извинување за изнесени клевети и невистини од една јавна личност, но со оглед дека не го добив, во процес сум на поднесување тужба за клевета. Ваквата клеветничка кампања зема уште поголем замав по објавата на владата за поништување на листата. Очекувам оваа кампања да добие на интензитет во периодот што следува, бидејќи како поинаку ќе се изгради јавно мислење за моја неквалификуваност за позицијата за која имам аплицирано“.

Според Ристоска, со одлуката да не ја почитува препораката на Комисијата за избор на кандидати за судии, владата прекрши низа од препораките на Советот на Европа, меѓу кои дека националната постапка за селекција да биде стабилна, јасно утврдена, транспарентна и заснована врз критериуми, дека улогата на владата треба да минорна, дека секое отстапување од препораките на стручното тело треба да е образложено и низа други.

Ристоска посочува дека жртва на сите овие случувања е репутацијата на нашата држава во очите на меѓународната јавност.

„Во постапките за избор на кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права, и во минатото се случувале различни девијации и во други држави. Советот на Европа, ваквите девијации ги апсолвирал и креирал механизми за да ги пресретне и да ги адресира, притоа дефинирајќи насоки и правила за идни избори. Верувам дека тоа ќе биде така и во овој случај“, посочи Ристоска.

По одлуката на владата да ја поништи листата на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), двајца од тројца на листата, обвинителката Ленче Ристоска и судијката Габриела Гајдова побараа, но не добија образложение зошто се неподобни да бидат кандидати за оваа престижна функција.

Остро реагираа шест граѓански организации од Блупринт групата, кои владината одлука и ја нарекоа правно спорна и нетранспарентна бидејќи листата со тројцата кандидати не беше претходно испратена на мислење до меѓународниот советодавен панел на експерти, што е законска обврска.

Владата не образложи зошто смета дека треба ја поништи одлуката.

Од Блупринт групата оценија дека изборот на судија во ЕСЧП не е политичка одлука, туку е тест за правната зрелост и демократскиот капацитет.

Во меѓувреме, владата формира нова комисија, која наместо девет, брои пет члена и која треба да распише нов оглас.

Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарските настојувања да објасни зошто листата е поништена, оцени дека „вистинската вистина“ за оваа одлука ја кажува владата, повторно без да образложи кој услов не го исполниле кандидатите.

Претходно, Комисијата од девет члена, која ја формираше владата, ја спроведе постапката за избор преку интервјуа и утврди тројца кандидати што ги исполнуваат предвидените критериуми.

Членот на Комисијата, уставниот судија Осман Кадриу рече дека кандидатите биле избрани со двотретинско мнозинство, односно со шест од девет гласа.

Ристовска сѐ уште пред судот застапува две активни обвиненија: „Талир 1“ и „Талир 2“, во кои се обвинети поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и самата партија како правно лице, за која се бара конфискација на партискиот имот, вклучително и на белата палата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неделен пазарен преглед: Раст на вештачката интелигенцијата, крипто од речиси 4 трилиони долари и регулаторни промени

Следно

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Latest from Blog

Диди бара итно да биде пуштен од затвор: Моите постапки беа одвратни и срамни

Во поднесената жалба за забрзана постапка, адвокатот на рап-могулот тврди дека тој бил погрешно осуден и дека однесувањето што довело до пресудата не било кривично дело, објавува Би-Би-Си. „Незаконска и неуставна казна“

Ридигер по Реал, го чека уште посилен тим?

Антонио Ридигер е во последната година од договорот со Реал Мадрид, а засега нема индиции дека ќе остане во Шпанија. Наводно, Германецот има неколку понуди, најконкретни од Галатасарај и од клубови од

Се урна хеликоптер на Килиманџаро, загинаа пет лица, меѓу нив двајца Чеси

Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Водич

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати Божикна честитка до поглаварот на Албанска православна црква и до сите верници

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на Албанска православна црква неговото блаженство г.г.Јоан, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија и до сите верници кои го прославуваат
Go toTop