Ристески за протестите: Ако беа исцрпени сите демократски инструменти, немаше да мислиме дека зад тоа нема некоја политичка позадина

January 14, 2025
1 min read

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, за денешните протести на јавната администрација изјави дека доколку беа исцрпени сите демократски инструменти, не би се сомневале во политичката позадина на протестите. Тој нагласи дека Владата е транспарентна и отворена за дијалог, но дека изразувањето незадоволство преку синдикатите е неприфатливо.

Ристески потврди дека ќе има покачување на платите, но тоа ќе биде во согласност со економската состојба на државата. Според него, предизвикот е да се направи системско решение за хармонизирање на платите во јавниот сектор. Тој исто така најави дека ќе се работи на законот за државните службеници, кој ќе регулира бројни поволности за вработените.

Во однос на „Новогодишната кошничка“, Ристески изјави дека имала ефект, бидејќи инфлацијата била задржана на 3,5%. На состанокот утре во Стопанската комора ќе се договараат нови мерки за спречување на ценовни шокови, а ако се забележи нагло покачување на цените на прехранбени производи, ќе бидат принудени да ги замрзнат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци

Следно

МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ СО ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Какво врме не очекува утре и во следните денови?

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop