Ристески: Најнедисциплинираните маркети може да бидат затворени

March 1, 2025
1 min read

Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети, изјави денеска во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

– На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на означување на намалените производи, при утврдувањето на маржите, на цените, во сметководствената евиденција… Наредната недела ќе има изрекување казни за најнедисциплинираните, а не е исклучено некои маркети да бидат и затворени, што е една од најновите мерки во Законот за трговија, истакна Ристески.

Идната недела, Инспекторатот ќе ги контролира сите дистрибутери и поголемите увозници во земјава. Комисијата за заштита на конкуренцијата работи на прибирање докази за најавата на таканаречено „картелско здружување“.

– Комисијата за заштита на конкуренцијата стручно си ја извршува работата и доколку утврдат такво здружување, ќе има казни предвидени со Законот за заштита на потрошувачите, рече Ристески.

Ристески очекува владините мерки да дадат резултати.

– Мерките и одлуките се донесени за да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Со мерките се опфатени 102 групи производи или околу1 200 производи. Трговците мора да се научат да бидат дисциплинирани, да ги почитуваат мерките наменети се граѓаните. Како Министерство за економија и труд и како државна Пазарна инспекција онаму каде ќе откриеме недоследности на одлуките со кои се повредени правата на граѓаните, ќе бидат ригорозно казнети, нагласи Ристески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Рамазанска трпеза“ – 13 години по ред во Тетово, 1000 ифтари на ден за сиромашните и студентите

Следно

Шефовите на дипломатија Фидан и Лавров разговараа за Украина

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop