Ристески ги разоткрива тендерските шеми за тоа каде завршуваат парите од унгарскиот кредит за општина Аеродром?

March 11, 2025
1 min read

СДСМ како одговорна опозиција минатата недела постави прашања каде завршуваат парите од унгарскиот кредит, којшто во поголем дел е наменет за поддршка на општините. Во таа насока се отвораат серија прашања, кои се однесуваат за општина Аеродром, и тие се поврзани со неколку јавни набавки.

Ристески смета дека ќе беше убаво да одговори градоначалникот, но како што рече ‘тој не е тука’.

Координаторот на Советничката група на СДСМ во Аердором, Ристески вели дека на јавноста веќе и е познато дека Владата за општина Аеродром одобри средства за 7 од вкупно 18 проекти, со којшто општината аплицираше во министерството за локална самоуправа.

„Тие средства се од таканаречениот унгарски кредит за којшто сите многу добро знаеме колку ги чини граѓаните на Македонија и колкави се каматите. За 3 од 7 проекти во последните 3 месеци спроведени се јавни набавки во вкупна вредност од колку 1, 8 милиони евра кои ги добива иста фирма. Од овие три, склучени се два договори. Санација на сквер зад ТЦ Капитол во вредност од над 700 илјади евра, и реконструкција на јавни пешачки површини во вредност од над 400 илјади евра. И донесена е одлука за избор на најповолна понуда, но сè уште не е склучен договор, за јавната набавка за реконструкција на улици и тротоари во населба Лисиче од неколку стотини илјади евра. Значи двата склучени договори и одлуката за избор имаат една заедничка работа, а тоа е носителот на набавката, фирмата „Примад Билдинг солушн“, вели Ристески.

Тој посочува дека како член на Советот има обврска да ги заштити интересите на сограѓаните од Аеродром и затоа бара одговори на следните прашања кои се однесуваат на веќе спроведените јавни набавки.
– Колку понудувачи се јавија на овие три конкретни јавни набавки?

– Како е спроведена електронската аукција, дали е намалена цената, бидејќи имам информација, дека не е.
– Ако е намалена, за колку е намалена цената на овие набавки при електронската аукција, ако не зошто не е?
– Ако има повеќе понудувачи, а не ја спуштаат цената, интересно е да се дознае зошто не е намалена? Ова го прашувам од причина што „Примад Билдинг солушн“ во последните три години има добиено повеќе од 10 тендери во општина Аеродром, имајќи предвид дека има повеќе такви компании кои се занимаваат со слична дејност.

Верувам ќе се согласите дека доколку една иста компанија во една институција за 3 години добива повеќе од 10 тендери, сепак, се отвораат многу прашања, особено кога се вакви големи тендери, како последниве 3 и кога има големи суми пари на граѓаните, каде доделуваме на најповолен понудувач, а при тоа во електронската аукција, не се намалуваат средстава.

Значи, логично е да постави прашањето, како оваа фирма ги добива и со право прашуваме, како се трошат парите на граѓаните.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона

Следно

Жалгирис го продолжи договорот со својот најдобар кошаркар

Latest from Blog

Сите 12 штитеници на Домот за пензионери во Тузла починале од задушување, покажаа резултатите од обдукцијата

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на

Ајакс остана без тренер

фото: Ajax (X) Џони Хеитинга повеќе не е тренер на тимот на Ајакс. Менаџментот на клубот се одлучи да му врачи отказ на некогашната икона на холандскиот фудбал, поради очајните резултати пред

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта. „Играме за да победиме“, одговори Орбан на прашањето на

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Европската комисија го објави Годишниот извештај за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија. Извештајот не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на

Орце Ѓорѓиевски го презеде мандатот со ветување за чесна и одговорна администрација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ја презеде функцијата, најавувајќи ново поглавје во историјата на главниот град. На церемонијата во просториите на Град Скопје, тој истакна дека неговиот мандат ќе започне
Go toTop