Ристески: Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

December 7, 2024
1 min read

Секојдневно расте бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекува да надмине 800 производи кои ќе добијат пониски цени за 10 проценти, изјави во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Додаде дека на една недела пред примената на мерката се пријавени 63 компании.

-Оваа новогодишна кошничка е поразлична од другите зашто, прво , е креирана од бизнис секторот и влегувата производителите, увозниците, дистрибутерите и трговците на големо и мало. Интересот е многу голем и секојдневно се пријавувата компании. Почетно беа околу 650 производи, сега бројката надминува 700, односно, досега се вклучени 713 производи или 63 компании кои учествуваат во оваа мерка, изјави Ристески.

Тој има поголеми очекувања од оваа новогодишна кошничка и опфатот на производи да стигне над 800.

-Очекувам заштедата да биде многу поголема од претходните кошнички. Тогаш беа опфатени окоу 520, а сега бројката сигурно ќе оди над 800 производи. Секако анализите и на Министерството и на Заводот за статистика допрва ќе се прават од ефектите на кошничката, рече Ристески.

Примената на мерката за новогодишната кошничка ќе почне на 15 декември и ќе трае до 15 јануари со сите производи кои му се потребни и ќе ги користи семејството за празниците, а опфатот се зголемува. До секој производ ќе стои назнаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, но и претходната и цената опфатена со намалувањето. Граѓаните не им веруваат на трговците и сметаат дека тие манипулираат со цените. Ристески уверува дека Инспекторатот на терен будно ќе ја следи примената на мерката.

-Мониторингот ќе го врши пазарната инспекција која ќе биде на терен, во маркетите. Инаку, според Законот за заштита на потрошувачите, кога има одредени акции, треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување, објаснува Ристески.

Министерството за економија и труд ги повикува другите компании да се вклучат во мерката која стартува на 15 декември.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕРМС: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025

Следно

ЛДП: Да се забрани „Тик-Ток“ и во Македонија

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop