РФМ: Темелковски не е починат

February 6, 2025
1 min read

Ракометната федерација се огласи откако во јавноста се појави вест за смртта на Илија Темелковски.

Од РФМ претходно изразија сочувство за неговата смрт, но сега се огласија со нова објава на социјалните мрежи со која информираат дека Темелковски не е починат.

-Во врска со информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен. Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави, велат во новата објава од РФМ.

-Почина Иле Темелковски – човек кој го посвети сиот свој работен век на ракометот, ракометната и спортската јавност изгубија вреден спортски работник , кој беше силно и неуморно посветен кон ракометот. Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, беше наведено во првата објава од РФМ која е отстранета од официјалниот Фејсбук профил на федерацијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција прогласи вонредна состојба на Санторини

Следно

Ердоган: Двата земјотреса во февруари 2023-та предизвикаа финансиска загуба за Туркије од 104 милијарди долари

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop