РФМ: Македонија треба да биде горда бидејќи има светла ракометна иднина

January 26, 2025
1 min read

Нашето мундијалско патување заврши, со насмевки и исполнети срца го напуштивме Вараждин. Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина, порачуваат од Ракометната федерација на Македонија.

-Машката ракометна репрезентација на Македонија во конкуренција на 32 селекции го освои 15. место на Светското првенство. Шампионатот го заврши со две победи (Катар и Гвинеја), две ремија (Унгарија и Австрија) и два порази (Холандија и Франција). Честитки до ракометарите и до стручниот штаб за одличните игри против силните противници. Видовме борбена и храбра игра. Нашите момци покажаа како треба да се игра за националниот дрес, велат од РФМ.

Македонската репрезентација доби нов лик, новата генерација изгради сопствен идентитет.

-Процесот на смена на генерацијата не беше лесен, но трпеливо чекоревме кон градење на цврсти темели за нови успеси во спортот број еден во Македонија. Голема благодарност до сите кои дел од оваа мундијалска приказна, секоја ваша поддршка беше мотив плус на теренот. Само сплотени можеме да придонесеме за подобро утре. Секогаш со срце за  Македонија!,велат од РФМ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Томовски: Работиме на проекти за сите категории граѓани, поврзување на Водно со центарот на градот, промоција на Македонско село и нови факултети за студентите

Следно

Пет години од огромната трагедија: На денешен ден загина Коби Брајант

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop