Режимот на Асад и опозициските сили ги зајакнуваат воените позиции околу сирискиот град Хама

December 2, 2024
1 min read

АЛЕПО/ХАМА (АА) – По големиот напредок во градот Алепо, вооружените групи што му се спротивставуваат на сирискиот режим на Башар ал Асад влегуваат во судири со режимските сили на околу 12 километри од центарот на градот Хама, задржувајќи ги своите позиции, јавува Анадолу.

Тие собираат сили и во областа Морик.

Откако минатата среда започнаа повторни судири меѓу режимските сили и опозициските групи во сирискиот регион Идлиб, вниманието се пренесе на Хама.

По преземањето на контролата врз целиот Идлиб и центарот на градот Алепо, опозициските групи напредуваа кон Хама, која е под контрола на режимот во Централна Сирија.

Режимските сили пратија и оклопни возила и војници во центарот на градот Хама.

Опозициските групи, засилени со борци од други области, ги концентрираат силите во Морик покрај автопатот М5.

– Русија праќа воено засилување во Хомс –

Според информациите до кои дојде Анадолу од локални извори, Русија почнала да пренесува воена опрема и муниција од областа Табка, источно од реката Еуфрат, во областа Хомс, која е под контрола на режимот.

Во рамките на операцијата осум оклопни транспортери и два хеликоптера се распоредени во Хомс.

Русија е главен меѓународен поддржувач на Сирија.

– Терористите на ПКК/ЈПГ под опсада бараат евакуација –

Продолжуваат тензиите околу терористите на ПКК/ЈПГ опколени од опозициските сили во населбите Шеик Максуд и Ашрафие во Алепо.

Терористите на ПКК/ЈПГ побараа евакуација во Мунбиџ, барање што моментно го разгледуваат опозициските групи.

Опозициските сили, кои првпат по осум години влегоа во центарот на градот Алепо, еден од најголемите градови во Сирија, сега контролираат големи делови од градот.

– Продолжува операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ –

Опозициската Сириска национална армија (СНА), исто така, продолжува со операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ.

По преземањето целосна контрола врз центарот на градот Тел Рифат, во областа во тек се операции за пребарување и расчистување на теренот.

Се очекува овие операции да продолжат поради големиот бројни тунели и минирани области.

Терористите на ПКК/ЈПГ, принудени да се повлечат од центарот на градот, побегнаа во Фафин на јужниот дел на Тел Рифат.

– Русија и режимот на Асад ги имаат како цел цивилите во Идлиб и Алепо –

Според тимовите за цивилна одбрана, во воздушните напади извршени од сирискиот режим и Русија од минатата среда до оваа недела во Идлиб и Алепо, под изговор дека ги имаат како цел опозициските сили, имало значителни цивилни жртви.

Во нападите се убиени 56 цивили, меѓу кои 20 деца и осум жени, а повредени се 238, меѓу кои 98 деца и 61 жена.

Судирите избија минатата недела меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во руралните области западно од Алепо во Северна Сирија, што означи повторна ескалација на борбите по период на релативно затишје во повеќедецениската граѓанска војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка

Следно

Иран: „Туркије има клучна улога во процесот од Астана“

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop