Републиканците побараа оставка од Бајден по неговото излегување од изборната трка

July 23, 2024
1 min read

Неколку републикански лидери, вклучително и претседателскиот кандидат Доналд Трамп, побараа од американскиот претседател Џо Бајден да си поднесе оставка од функцијата откако тој се повлече од изборите во ноември.

-Кривиот Џо Бајден не беше способен да се кандидира за претседател, и секако не е способен да служи – и никогаш не бил, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Трамп го нарече Бајден „најлошиот претседател, убедливо, во историјата на нашата нација“.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и другите републикански законодавци лојални на Трамп ги повторија барањата на нивниот кандидат.

-Ако Џо Бајден не е способен да се кандидира за претседател, тој не е способен да служи како претседател. Тој мора веднаш да поднесе оставка од функцијата. Има уште доволно време до 5 ноември, изјави во соопштение Џонсон, алудирајќи на денот на изборите.

Конгресменката Елис Стефаник, четврторангирана републиканка во Претставничкиот дом, додаде дека „ако Џо Бајден не може да се кандидира за реизбор, тој не е во состојба и не е способен да служи како претседател на САД“.

-Тој мора веднаш да поднесе оставка.

-Ако Демократската партија сметаше дека Џо Бајден не е способен да се кандидира за реизбор, тој секако не е способен да ги контролира нашите нуклеарни кодови. Бајден мора веднаш да се повлече од функцијата, рече на социјалните мрежи, третиот по ред републиканец во Претставничкиот дом Том Емер.

Законски, барањата на републиканците за оставка на Бајден немаат никакво значење, велат експертите.

Претседателот има овластување да го отслужи остатокот од својот мандат, рече Мајкл Торнинг, директор во Двопартиски политички центар. Во својата најава дека се повлекува од претседателската трка, Бајден прецизираше дека тој останува претседател на САД сѐ до истекувањето на неговиот мандат во јануари 2025 година.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар во врска со барањата на републиканците. До синоќа никој од демократските лидери не коментираше на републиканските повици Бајден да поднесе оставка.

Наспроти тоа, врвот на Демократската партија ја поддржа одлуката на претседателот тој да остане до крајот на својот мандат, а излегувањето од изборите и давањето простор помладите демократи да се борат против Трамп беше наречено голем патриотски чин и несебична жртва за конечен пораз на републиканскиот кандидат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР им поднесе кривична пријава на внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и Бесијан Ахмети

Следно

Санкционирани 140 возачи во Скопје

Latest from Blog

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите
Go toTop