Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра

April 5, 2024
1 min read

Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше неспоредливо повеќе од планираното, објави угледниот шпански економист Хектор Мохедано. Мадриѓаните уште во 2017 година најавија дека планираат да го реновираат својот стадион, а тој требаше да биде отворен минатото лето. Сепак, сега рокот е поместен за следното лето. Наместо планираните трошоци од една милијарда евра, реновирањето ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра.

Стадионот доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови – од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Покрај сето ова, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се реди во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на штандот.

Теренот на „Бернабеу“ во таа длабока комора ги има сите неопходни услови за да остане во совршена состојба; од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Особено привлечна е сцената на расклопување и склопување на стадионот. Стадионот има и видео екран од 360 степени. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈУБИЛЕЈНИОТ 20. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЌЕ ТРАЕ ОД 11 АПРИЛ ДО 7 МАЈ, НАГРАДАТА „МЕНАДА“ ЈА ДОБИ ДОАЈЕНОТ НА БАЛЕТОТ МАРИН ЦРВЕНОВ

Следно

Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop