Реновирање на некои основни училишта за време на зимскиот распуст

January 14, 2024
1 min read

Основните училишта го користат зимскиот распуст за обнова и реновирање на објектите. Во училиштето „Абдил Фрашери“ во Aрачинoво, се одвиваат низа градежни работи, од кои дел се очекува да завршат на почетокот на втората половина од годината. Директорот Рефик Салиу за Алсат изјави дека наставниот процес нема да биде попречен и доколку работите се одложат поради студеното време.

„Во моментов работат три фирми. Првата е за реконструкција на училниците, додека втората е за реновирање на салата за физичко образование, која е во завршна фаза. Третата група работници се во делот на канцелариите каде што се спојуваат двете згради, од кои едната е во процес на изградба. Ова ќе потрае малку подолго бидејќи е започнато од почеток по принципот клуч на рака. Ако настане евентуално пролонгирање на работите, образовниот процес ќе го продолжиме во останатиот, реновиран дел“, рече Рефик Салиу, директор на „Абдил Фрашери“ Арачиново.

Веќе пет месеци како посебно училиште работи ОУ „Абдил Фрашери“ во кое наставниот процес ќе се одвива од прво до деветто одделение. Првиот човек на општината Ридван Ибрахими рече дека со одвојувањето од училиштето „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ повеќе нема да има проблем со превоз на учениците.

„Учениците повеќе нема да треба да се превезуваат. Ученикот од прво одделение бил принуден да оди во друго училиште иако пред врата ја има училишната зграда. Или, шестоодделенецот го има училиштето блиску до дома и бил принуден да патува… нема повеќе малтретирање ниту за учениците, ниту за родителите. Сега имаме два објекта во оптина Арачиново“, нагласи Ридван Ибрахими, градоначалник на Општина Аарачиново.

Во моментот основното училиште „Абдил Фрашери“ брои 1.044 ученици распоредени во 47 паралели, од кои 11 работат во приградското училиште во селото Орланце./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Серијата „Пријатели“ повторно во центарот на вниманието – Сценарио пронајдено во ѓубре заврши на аукција, продадено за неверојатна сума

Следно

Данска доби нов крал Фредерик Х

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop