Реконструкцијата на владата ќе добие поддршка од најмалку 64 пратеници, смета новинарот Џелал Незири

February 10, 2023
1 min read

Незири не верува во можни изненадувања и ситуација во која не би имало 61 пратеник во поддршка на новите министри по влегување на Алијанса за Албанците во владата

Најмалку 64 пратеници ќе гласаат за „новата влада“ во која ќе влезе Алијанса за Албанците (АА), проценува новинарот Џелал Низири, кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Џелал Незири – новинар, од гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат

„Имате право, немаме јасна слика на која страна ќе застанат пратениците особено по овие последни поделби, предизвикани од влегувањата и излегувањата на партиите во владината коалиција. Но, според сите изгледи, оваа влада или коалиција, има сигурна поддршка во Собранието, има стабилно мнозинство, сега со влегувањето на АА и најмалку 64 пратеници ќе ја гласаат новата влада“,

одговори Незири на новинарската констатација дека се чини незивесно колку гласа ќе добијат предложените за нови министри во Собранието.

Прашан за очекувањата во некои кругови дека можеби ќе нема најмалку 61 пратеник во поддршка на реконструкцијата на владата, Незири коментираше:

„Не верувам, бидејќи ако ги собирате или минусирате сите овие потези на партиите тогаш минимумот на парламентарното мнозинство ќе биде 65 пратеници. Ако го минусираме дури и Павле Трајанов, повторно нема да се загрози ова мнозинство. Мислам дека со влегувањето на АА во владата, се реши една дилема. Тоа е дека нема да има предвремени избори и наредните парламентарни избори ќе бидат редовни. Ова е добра вест во целиот овој метеж.“

Дали може да се испостави дека „се колел вол за една кременадла“ – беше следното прашање до Незири.

„Мислам дека мнозинството досега не беше стабилно, бидејќи имавме повеќе коалициони партнери, плус ‘огнената група’, која контролира 2-3 пратеника, значи имаше нестабилност која ги зајакнуваше помалите партии. Сега со Алијанса мислам дека минимумот ќе бидат 64 пратеници, а очекуваното мнозинство би било околу 70“,

рече Незири во „360 степени“.

Алијанса за Албанците во „новата влада“ ќе добие три министерски места, информација што синоќа на прес-конференција ја потврди и партискиот претседател Арбен Таравари. Тој денеска имаше и средба со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, а во јавноста веќе излегоа и дел од имињата кои Алијанса ги предлага за министерски позиции.

Станува збор за Кренар Лога, кој е предлог за нов министер за правда на местото на Никола Тупанчевски (СДСМ), како и Фатмир Меџити за ресорот здравство со кој сега раководи Беким Сали (Алтернатива).

Дел од медиумите објавија дека Алијанса ќе го добие и Министерството за информатичко општество и администрација, за каде го предлага Азир Алиу кој би го заменил Адмирим Алити (Алтернатива).

Партијата на Таравари ќе има и двајца заменик-министри, кои според неофицијални информации ќе бидат Вјолца Бериша за земјоделство и Тирон Јахјага за одбрана.

Дали Алтернатива, која според овој договор, две места ќе ѝ препушти на Алијанса, ќе остане воопшто во Владата, засега е неизвесно. Од партијата денеска најавија дека в недела ќе одлучува Централното собрание.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

85-годишна жена спасена од урнатините по 107 часа (ВИДЕО)

Следно

Како последица на земјотресите во Туркије животот го загубија најмалку 20.213 луѓе

Latest from Blog

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон

Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на почетокот на февруари, само три месеци откако беа укинати санкциите под

Сари: Играчите на Лацио си заминуваат поради недостиг на амбиции!

ФОТО: S.S. Lazio/FB Маурицио Сари испрати дополнителни пораки до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, велејќи дека играчите „заминуваат затоа што не гледаат амбиција во клубот“ и дека навивачите треба да се навикнат

Спектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен

Oбилни дождови и високи температури: Какво време најавуваат од УХМР за следните денови?

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во северозападните и југоисточните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе бидат во форма на слаб снег.
Go toTop