Реал сака да го претстави Мбапе пред ЕП 2024

May 16, 2024
1 min read

Реал Мадрид сака официјално да го претстави Килијан Мбапе пред почетокот на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни, пренесе мадридскиот спортски весник „Марка“.

Шпанскиот шампион се обидува да добие дозвола од сегашниот клуб на францускиот репрезентативец Пари Сен Жермен за претходен трансфер, бидејќи актуелниот договор на 25-годишниот Мбапе истекува на 30 јуни. 14-кратниот европски клупски шампион планира да одржи церемонија за потпишување на Французинот меѓу 3 и 9 јуни.

Килијан Мбапе најави заминување од францускиот шампион како слободен играч на 10 мај.

Во сезоната 2023-2024, напаѓачот постигна 44 гола и направи 10 асистенции во 47 натпревари со парискиот тим во сите натпреварувања.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДА СЕ ВИДИМЕ ЗА 10-15 ГОДИНИ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА Е ОТСУТЕН ПОРАДИ СМРТ, РЕЧЕ МАСИН НА ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА КОЈА ГО ПРЕПОЛНИ ДАУТ ПАШИН АМАМ

Следно

Што ли ќе каже Антониа Гиговска? Нејзиниот Џокер собра три провокативни девојки за неговиот најнов спот!

Latest from Blog

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop