Реал Мадрид доминантно до трофејот од Суперкупот

January 14, 2024
1 min read

По 13. пат во историјата, трет во последните пет години, Реал Мадрид е освојувач на пехарот во Суперкупот на Шпанија.

Задоволството кај најтрофејниот шпански клуб е уште поголемо поради тоа што првпат по 2017 година, титулата во ова натпреварување ја освојува по дуел против најголемиот ривал Барселона и победа од 4-1.

До триумфот, Реал дојде благодарение на своите бразилски напаѓачи Винисиус Жуниор и Родриго кои ги постигнаа сите четири гола. Во првото полувреме блескаше Винисиус кој реализира хет-трик, а точка стави Родриго во 64. минута. Во меѓувреме Левандовски постигна прекрасен гол за 1-2, колку да ја врати надежта, но тоа ни оддалеку не беше доволно за кам-бек.

И покрај поразот, Барселона останува најтрофејна во Суперкупот на Шпанија со 14 титули, но алармантно е тоа што каталонскиот клуб се наоѓа во серија од три порази во дуелите со Реал со вкупна гол-разлика 2-10.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Килде опериран, помина без фрактури- објави ФОТО од болница

Следно

Доаѓа големиот празник: Не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop