Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РСМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

April 25, 2025
1 min read

Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија, денеска преку соопштение до јавноста се огласи за како што велат „неточното интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори“.

Во својата реакција тие упатија длабоко жалење за трагичниот настан што ја потресе целата македонска јавности, воедно изразувајќи сочуство до роднините на починатите и побрзо оздравување на тешко повредените. Исто така, ова здружение максимално ќе помага и ќе се заложува да се откријат вистинските виновници за немилиот настан.

Во врска со информациите изнесени во јавноста и точното интерпретирање на законите во дел од медиумите за наводна неактивност на општински градежен инспектор при Општина Кочани во предмет поврзан со објектот во кој се вршела угостителска дејност (т.н. Дискотека ПУЛС), Здружението на општински градежни инспектори на РСМ, сака да реагира изразувајќи сериозна загриженост заради непрофесионалното и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори.

„Согласно Законот за градење, општинскиот градежен инспектор постапува исклучиво во делот на изградба, одржување, реконструкција, адаптација, доградба и надградба, како и уривање на објекти изградени без одобрение или спротивно на одобрението за градење. Надлежноста на градежниот инспектор е ограничена на урбанистичко-техничките аспекти на градбата, а не на деловната активност што евентуално се врши во објектот. Во однос на пренамена на објекти во функционална смисла, односно вршење дејност различна од онаа за која е издадено одобрението за градење, градежниот инспектор нема овластувања да ја оценува законитоста на дејноста што се врши во објектот, туку таа надлежност припаѓа на други надлежни инспекторати Државен пазарен инспекторат, инспекторат за угостителска дејност и други согласно закон“, пишува во реакцијата на Здружението на општински градежни инспектори на РСМ.

Од таму појасунуваат дека согласно Законот за инспекциски надзор, градежниот инспектор постапува по службена должност или по претставка, но само во рамките на неговите јасно определени законски надлежности.

„Не постои законска основа по која градежен инспектор би можел или смеел да врши надзор врз тоа дали објектот поседува дозвола за вршење угостителска дејност, дали е обезбедена заштита од пожар за таква дејност, или дали се исполнети условите за работа како кабаре бар. Во тој контекст, секоја обвинувачка конструкција насочена кон градежен инспектор дека не спречил или не го затворил угостителски објект, надвор  неговата надлежност, претставува грубо непознавање или свесно игнорирање на правната рамка, со што се загрозува угледот и интегритетот на инспекциската професија.

Здружението ќе ги информира сите надлежни институции и медиуми за овие факти и ќе побара итно повлекување на неоснованите тврдења што претставуваат напад врз стручниот и законски заснован инспекциски систем во државата“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Следно

31-годишен скопјанец им подлегна на повредите по пукањето на Бит Пазар

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop