РЕАКЦИЈА НА ВЛЕН: ДУИ пред историски пораз – партијата се повлекува од албанските средини

August 18, 2025
1 min read

ДУИ, некогаш најсилниот политички фактор меѓу Албанците во Македонија, се соочува со длабока политичка криза и драматичен пад на поддршката. Од избори на избори, оваа партија бележи континуиран пад во бројот на пратеници и градоначалници, а разочарувањето кај сопственото гласачко тело е сè поголемо.

Повлекување од клучни општини

На претстојните локални избори, ДУИ речиси и да нема свои кандидати во општините каде што Албанците се во убедливо мнозинство – меѓу нив Гостивар, Струга, Сарај, Дебар и Врапчиште. Според политички аналитичари, ова претставува најјасен доказ за сериозната криза во која западна партијата. Дури и таму каде што се кандидирани носители, внатре во самата партија владее уверување дека поразот е неминовен.

Напуштени од коалиционите партнери

ДУИ, која некогаш важеше за обединувачки фактор, денес е напуштена од најголем дел од своите коалициони партнери. Повеќе партии и поединци се повлекуваат од соработката, обвинувајќи го раководството на Али Ахмети за корупција и погрешни политики. Со партијата останаа само Данела Арсовска, партијата Левица и неколку албански политичари за кои јавноста шпекулира дека се купени со пари.

Од партија до приватен бизнис

Критичарите предупредуваат дека ДУИ одамна не функционира како политичка организација, туку како приватен бизнис на тесен круг луѓе од врвот. Врвното раководство наводно изградило империи во енергетиката, трговијата, нафтата, градежништвото и недвижностите, додека граѓаните останале без решенија за своите секојдневни проблеми.

Граѓаните ја испраќаат пораката

Според изборните резултати, казната на гласачите е јасна и постојана. Аналитичарите предвидуваат дека ДУИ на следните локални избори нема да освои ниту една значајна општина. Политичкиот пад на оваа партија трае со години, а трендот, според сите показатели, е неповратен.„

Граѓаните, особено Албанците, ја сфатија вистината – ДУИ не е инструмент за развој и еднаквост, туку пречка и товар за нивниот напредок“, оценуваат политички аналитичари.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Грозданов за Плусинфо: Рударството е шанса за економски развој на Македонија

Следно

Сиљановска-Давкова: Повеќе од три децении, Армијата ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 1 ноември: Ракови внимавајте на вашето емоционално здравје

Овен Денеска вашата иновација доаѓа до израз. Размислете за нови идеи и стратегии кои можат да го подобрат вашиот бизнис. Фокусирајте се на романтичните моменти со саканата личност. Покажете ги вашите чувства

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Во вториот круг од локалните избори 2025

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што
Go toTop