Реакција на СДСМ за една година од работата на Тошковски

July 5, 2025
1 min read

СДСМ со реакција за денешниот отчет на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од таму велат дека отчетот е далеку од реалната состојба во државата, и дека претставува „обид за бегасе од вистината“.

„Вистината е дека за една година Македонија е далеку од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски.

За една година, безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена – Македонија гори од насилство, убиства по улици, пресметки на криминални групи и безредие.

Државата западна во безбедносна, институционална и морална криза. По улиците се случува општ хаос. Нема ден, а да нема убиство, тепачка, сообраќајка.

Сведоци бевме на серија убиства што се случија само во Скопје – убиство во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Убиство во кафе-бар во Штип, каде странски државјанин пукал, убивал, па бегал и пукал дури и на патарина.

Разбојништвото и кражбите станаа секојдневие, се фрлаат бомби во дворови на граѓани. За ваква ли безбедност и ред зборува Тошковски јавно на прес-конференција, кога граѓаните не се чувствуваат безбедни ниту надвор, ниту дома?

Од друга страна, Тошковски ја изгуби и контролата над границите. Косовската граница стана канал за бегство на криминалци, без никакви проверки. Скандал на скопскиот аеродром – лице од обезбедување на функционер нападна полицаец и се закануваше со пиштол. Одговорност? Никој не понесе.

За каква борба против корупција зборува Тошковски, кога додели скандалозен тендер вреден речиси 4 милиони евра, на две сомнителни фирми за униформи за специјалните единици. Фирма без портфолио, без искуство, без капацитет, без седиште – доби милионски договор.

За каква одговорност зборува Тошковски, кога бодигардот на премиерот тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје, а министерот го заштити и го ослободи од одговорност. Од друга страна, бодигардот на премиерот беше фатен во скандал со 50.000 евра за издавање на службена тајна.

Другиот бодигард,на претседателот на Собранието, не само што направи скандал на меѓународниот аеродром, туку тој истиот наместо да нè заштити, нападна своја колешка полицајка.

За каква професионализација на безбедносните служби зборува, кога првите најважни началници – едниот на Бирото за јавна безбедност  наместо да се грижи за нашата безбедност, е незаконски назначен, а другиот началник има фалсификуван документ/сертификат.

Ова што се случува во МВР е скандал до скандал – потврда за опасноста од партизација на институциите, што доведува до ерозија на правниот систем и загрозување на безбедноста на граѓаните.“, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прилепските археолози открија 2000 години стара римска бања

Следно

ВИДЕО+ФОТО: Трогателни сцени на погребот на Диого Жота и Андре Силва

Latest from Blog

Кина ја укинува даночната поволност за кондоми поради падот на наталитетот

Контрацептивните средства повеќе нема да се сметаат за производи ослободени од данок, што значи дека на нив ќе се применува стандардната стапка на ДДВ од 13 проценти. Овој потег предизвика дебата на

Интер Мајами не е атрактивен за Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да оди во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата

Лукашенко: „Орешник“ пристигна во Белорусија, подготвен е за напад!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека рускиот ракетен систем „Орешник“ пристигнал во Белорусија и веќе е ставен во состојба на борбена готовност. „Тука е од вчера и е ставен на борбено дежурство“,

АМСМ: Од 17:30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од
Go toTop