Реакција на МЗ во врска со вработување во тетовската болница: Факти а не сензационализам

August 13, 2025
1 min read

Во јавноста се лиферуваат соопштенија кои се, во најмала рака, непристојни и штетни за целокупната јавност а поврзани со вработувањето на кадарот во Клиничка болничка Тетово, реагираат од МЗ.

Ова се фактите:

Најважно од се’, сите имаат валидни договори за вработување на определено време до 31.12.2025 година
Обезбедена е согласност од Министерството за финансии за вработувањата во Клиничка болница Тетово (во прилог примерок од документот како разобличување на лагата дека Министерството „доби негативен одговор од Фондот за здравствено осигурување“)

Објавени се огласите за вработување

Направени се тестирањата на кандидатите на 07.08.2025 а не „пред 10 дена“ како што сензационалистички е кажано

Секако дека постапката за вработувањата е ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори и веднаш по нивното завршување целата процедура ќе биде завршена и сите ќе добијат решение.
Напоменуваме дека ова се фактите, а со паушалните соопштенија и со користење на лажни информации се нанесува штета на Министерството за здравство како институција и за жал, неосновано се предизвикува паника и вознемиреност кај вработените во Клиничка болница Тетово кои деноноќно се грижат за здравјето на нашите сограѓани, се вели во реакцијата на МЗ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар кај Октиси – на терен ер трактор

Следно

Пријателско кафе меѓу Ѓорѓиевски и Костовски со идеи за подобро Скопје

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop