Разорните поплави во Шпанија го чинат финансискиот сектор над 20 милијарди долари

November 20, 2024
1 min read

МАДРИД (АА) – Разорните поплави во Шпанија, особено во провинцијата Валенсија, го чинат финансискиот сектор на земјата над 20 милијарди долари, објави Банката на Шпанија, пренесува Анадолу.

Источните и јужните региони на Шпанија беа погодени од поплави на 29 октомври, а штетата предизвикана кон финансискиот сектор се проценува на околу 20,5 милијарди (21,6 милијарди долари) додека околу 561.210 лица беа директно погодени од поплавите.

Гувернерот на Банката на Шпанија, Хозе Луис Ескрива, рече дека вкупните штети од катастрофата за финансискиот сектор се еквивалентни на 1,8 отсто од вкупниот обем на заеми на шпанските банки.

Ескрива рече дека од 21,6 милијарди долари, 14,2 милијарди се наменети за домовите, а 7,4 милијарди долари за бизнисите. Процесот на обнова на банкнотите натопени или оштетени од поплавите продолжува, а првиот депозит е околу 22.700 банкноти во вредност од 760.100 долари.

Тој напомена дека 9 отсто од банкоматите во поплавените подрачја се надвор од употреба, а 37 од 298 оштетени банки се сè уште затворени, иако користењето на кредитни картички постепено се враќа во нормала по хаосот со подигнувањето готовина на почетокот на поплавите.

Банката истакна дека поплавите веројатно ќе резултираат со пад од 0,2 процентни поени на бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија во четвртиот квартал од годината.

Владата на автономната заедница Валенсија побара помош од 33,1 милијарди долари за штети само за нејзиниот регион, додека шпанската централна влада одлучи да обезбеди вкупно 14,7 милијарди долари помош во два пакети досега.

Бројот на загинати во поплавите достигна 226 од 29 октомври, додека 13 лица се уште се водат за исчезнати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Следно

Турскиот министер за здравство, Мемишоглу: Ја разбивме криминалната група одговорна за смртта на новороденчињата

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop