Размената на податоци помеѓу УЈП и Централниот регистар е клучна за бизнис опкружувањето

October 27, 2024
1 min read

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар – едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис.

На неодамнешниот, работен состанок помеѓу директорките на УЈП м-р Елена Петрова и Анита Стамнова и претставници од двете институции се разледаа и разговараа можностите  за понатамошно поедноставување на постапките и унапредување на сервисите за размена на податоци и документи, особено: во рамки на новиот Регистар на иматели на сметки кој ќе го води Централниот регистар, за запишување на странци како основачи и управители на компании во Централниот регистар, доставување по службена должност на уверенија за платени даноци од УЈП во постапка за пренос на удел во Централен регистар, бришење на неактивни субјекти по службена должност во Централен регистар по претходна проверка во Управата за јавни приходи.

Двете институции се посветени на унапредување на процесите и системите со цел поефикасно извршување на своите надлежности и подобра “клима” за работа на компаниите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработен во Управата за матични книги истепал скопјанец

Следно

Доктор Николов: Навременото детектирање, превземање на корективни мерки и подобрување на системот мора да бидат приоритет за сите

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop