Расте цената, опаѓа продажбата! – 92 илјади евра за 1 кг 24 каратно злато

April 21, 2025
1 min read

Еден килограм злато од 24 карати достигна цена од 92 илјади и 4евра.

Со покачување на цената на златото опадна побарувачката од граѓаните за него. Ова го чувствуваат и продавачите во Скопската чаршија. Неџбедин Буши за ТВ21 рече дека има побарувачка само за основен накит од злато.

Со неодамнешниот пораст на цената на златото, побарувачката е се помала“.

Што се бара повеќе?

Има некои основни работи што мора да ги има млад пар кој има намера да се венча, како што се бурми, прстени, комплет,  скромен, а тоа е основното без кое апсолутно не можете, а потоа, желбите зависат од можностите“.

Правејќи споредба со минатите години, вели дека порано сватовите купувале златен накит, а сега поевтино им е со пари наместо еден грам злато.

Претходно, на секоја свадба, дури и кога одеа младоженците, носеа подарок прстен, ланче или нараквица, во зависност од тоа колку е блиско семејството или пријател. Сега, ова е минато, сите одат на свадби со плик оти цената на златото е висока“, вели Неџбедин Буши.

Дали е загрозен бизнисот на златарите?

Златарството како занает постоел уште од древните времиња и не е од тие занаети кои се загрозени бидејќи потребата за накит постоела, се додека има љубов ние не сме загрозени“, вели Неџбедин Буши.

Златото се искачи на рекордно високо ниво бидејќи инвеститорите инвестираат во безбедни средства, додека загриженоста за трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг се продлабочува.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск

Следно

Кремљ задоволен од ставот на САД кој ја отфрла можноста за членство на Украина во НАТО

Latest from Blog

МААЕ: Нападите во близина на иранската нуклеарка може да предизвикаат катастрофа

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран. „Реален ризик од нуклеарна несреќа“ Директорот на МААЕ,

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за

Берзански ден со 25,01 милиони денари промет: Пивара Скопје во подем, банките активни

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 6 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,21% и заврши на 10.079,47 поени,
Go toTop