Расте бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва

March 23, 2024
1 min read

Најмалку 145 лица загинаа во синоќешниот напад во концертната сала во Красногорск, на периферијата на Москва, а милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Руските здравствени власти соопштија дека уште 145 други лица се повредени – од кои околу 60 се во критична состојба.

Директорот на Федералната служба за безбедност во Русија изјави дека во врска со нападот во Москва се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи.

„Борците на Исламската држава нападнаа голем собир на христијани во градот Красногорск на периферијата на руската престолнина Москва, убивајќи и ранувајќи стотици луѓе и предизвикувајќи голема штета на локацијата пред да се повлечат во своите безбедни бази“, се вели во соопштението од исламската група.

На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа како вооружени лица влегуваат во салата и отвораат оган пред почетокот на концертот на руската музичка група Пикник.
Сведок на масовното пукање го опиша настанот како драматичен кој предизвика паника во концертната сала.
„Имаше истрели од огнено оружје. Тие не пукаа во таванот или во воздухот, туку пукаа директно во толпата луѓе кои беа во првите редови. Луѓето почнаа да трчаат и се судрија едни со други, некои паднаа, а други ги згазија“, рече Даве Примов, сведок.

Примов се сеќава дека видел тројца мажи како пукаат во толпа луѓе во близина на бината во концертната сала додека тој и стотици други гледачи се обидувале да излезат од зградата.

„Да потраеше уште малку подолго, можевме да останеме заглавени таму во пожарот.Ова не беа растурени групи на луѓе или неколку луѓе, туку беа само толпа луѓе кои пукаа„, додаде тој.

Синоќешниот напад на концертната сала на периферијата на Москва беше најсмртоносниот во Русија од опсадата на училиштето во Беслан во 2004 година, од страна на чеченските милитанти, кога беа убиени 330 заложници, меѓу кои 186 деца.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седум Палестинци се убиени во израелско гранатирање на луѓе кои чекале хуманитарна помош во Газа

Следно

Шпанскиот суд ја забрани социјалната мрежа Телеграм

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,
Go toTop