Раскинати 45 концесии во рударството – Божиновска најавува построг надзор

October 9, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес соопшти дека над 45 концесии во рударството се раскинати, од кои 34 еднострано, а 11 договори истекле и не се продолжени.

„Причините за раскинување се непочитување на законските и еколошки обврски, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел,“ рече Божиновска на брифингот со новинарите.

Министерката најави дека сите концесии ќе бидат јавно објавени и потенцира дека од почетокот на годинава до 1 октомври се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори.

Божиновска истакна дека ќе се воведат построги критериуми за издавање и контрола на концесиите, а во Државниот инспекторат за енергетика и рударство моментално работат 14 инспектори, но недостигаат уште најмалку толку за ефикасно спроведување на надзорот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска најави законска заштита за уникатниот македонски рубин

Следно

Ѓорѓиевски најави инфраструктурни и сообраќајни проекти за Бутел

Latest from Blog

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop