Расчистени четири кривични дела, поднесени пријави против четири физички и едно правно лице

June 9, 2025
1 min read

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против З.Т.(49) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Делчево во соработка со  инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат  и Управа за јавни приходи извршиле контрола во објектот и од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека не ги исполнува во целост условите за заштита од пожари, односно се констатирани прекршоци по член 69 ,70, 74, 75 и 76 од Законот за заштита и спасување. Притоа, на одговорното лице му е даден рок од 30 денови да ги отстрани недостатоците и во тој период да не извршува угостителска дејност. При контролата, исто така, било констатирано дека пријавениот З.Т. во периодот од  09.03.2018 до 16.10.2019 го изградил објектот без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На 01.05.2025 повторно бил извршена контрола во објектот и било констатирано дека пријавената Б.Т. им дозволила на повеќе лица да престојуваат во објектот со што не се придржувала на забраната за вршење дејност од 30 дена изречена при претходната контрола.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица. Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

92-ГОДИШНАТА КИМ НОВАК ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ВЕНЕЦИЈА

Следно

Ирска: Бродот со хуманитарна помош за Газа е „моќен симбол“ на итната потреба да се укине блокадата

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop