Рана елиминација на Осака на Австралија Опен

January 15, 2024
1 min read

Француската тенисерка Каролин Гарсија се пласираше денеска во второто коло на Австралија Опен, откако ја совлада Јапонката Наоми Осака со 6-4, 7-6.

Осака, која е четирикратна грен – слем шампионка, се врати на теренот на почетокот на оваа година на турнирот во Бризбејн, шест месеци по породувањето.

Во Бризбејн беше поразена во второто коло, а на првиот грен – слем турнир оваа сезона не успеа да ја мине првата пречка.

„Многу ја почитувам Наоми како личност и како тенисерка – 15 месеци беше отсутна. Многу ми е мило што се врати. Шест месеци по породувањето, а веќе игра прилично добро. Мораме да бидеме внимателни со неа“, рече Гарсија.

Француската тенисерка, рангирана на 19 место на ВТА листата, за противничка во второто коло ќе игра против Магдалена Френх.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И американската авијација вработува „шуто и сакато“

Следно

Катарина ги загрижи фановите: Пејачката е во болница, прима инфузија и инхалација

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop