Рама: Регионот не му припаѓа ниту на Курти ниту на Вучиќ

June 23, 2023
1 min read

Овој регион им припаѓа на сите држави и народи кои живеат тука, а не само на Албин или на Александар, вели Рама, кој порачува и оти регионот многу пател од национализам и судири кои можеби биле оправдани во некои минати времиња, но денеска не се

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Тирана изјави дека националниот интерес на Албанија е загрозен со случувањата на северот на Косово и оти регионот на Западен Балкан не му припаѓа ниту на косовскиот премиер Албин Курти ниту на српскиот претседател Александар Вучиќ, туку на сите држава.

Тој оцени дека алармантна е потребата од нов конкретен притисок од Франција и Германија, со поддршка на САД, за да се финализира договорот меѓу Приштина и Белград, исто како што е алармантна и потребата од деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

„Овој регион не е ниту на Албин ниту на Александар, овој регион им припаѓа на државите, народите кои се населени и кои управуваат со нив. Овој регион многу патеше од национализмот, од национал-фолклористите и постојаните судири кои можеби биле оправдани во некои други времиња, но не и денес среде Европа која по секоја цена бара мир“,

рече Рама.

Албанскиот премиер рече дека Косово и Србија се согласија на договор за патот кон нормализација на односите, но дека се однесуваат како таков договор да не постои. Според него, тензиите во односите меѓу Белград и Приштина ѝ одговараат единствено на Русија.

„Овој статус-кво не смее да се продолжи, мора да излеземе од оваа политичка игра, а мораме да го избегнеме и сценариото за влошување на статусот на Косово“,

вели Рама.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур

Следно

Борел со остра порака кон Белград и кон Приштина: Ескалацијата станува опасна, нема да го толерираме тоа

Latest from Blog

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш

Мал раст на МБИ10 и стабилен пазар: Берзанска сесија со промет од 38,7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,05% и заврши на 10.182,11

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше
Go toTop