Раководството на ЕСМ склучило договор „во четири очи“ за копање јаглен

January 8, 2025
1 min read

Компанијата „Топлина“ од охридското село Подмоље ќе започне со копање јаглен и меѓуслојна јаловина од рудникот Брод-Гнеотино за потребите на РЕК Битола. Оваа одлука, без објавување на јавен оглас, беше донесена преку преговори “во четири очи” од страна на раководството на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), како што известува „360 степени“.

До пред еден месец оваа компанија беше еден од подизведувачите на „Марковски компани“ за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК „Битола“, заедно со уште две фирми со кои беше раскинат претходниот тендер.

Според објавата на Бирото за јавни набавки, склучена е рамковна спогодба со вкупна вредност од околу 1,15 милиони евра. Овој договор е ограничен на шест месеци, што е поразлично од вообичаената практика каде договорите се потпишуваат на една до две години. Вредноста на новиот договор е значително помала во споредба со претходниот договор од 46 милиони евра, кој беше потпишан со фирмата „Марковски компани“.

Минатиот месец, РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски компани“, објаснувајќи ја одлуката со „неодговорното постапување“ на фирмата која не ги исполнила своите обврски, што ја загрозило енергетската стабилност на државата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите

Следно

Магла на повеќе патни правци во државата

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop