Ракометната легенда на РК Вардар го игра последниот меч во ЛШ

March 4, 2025
1 min read

Ракометарите на Загреб в среда ќе го одиграат последниот натпревар во овогодинешното издание од ракометната Лига на шампиони.

Хрватскиот клуб ги загуби шансите за пласман во осминафиналето, но ќе се обиде со победа да се заврши во елитното натпреварување, а воедно да приреди и маестрално збогување за легендарниот Тимур Дибиров.

Поранешната ѕвезда на скопски Вардар за последен пат ќе настапи во Лигата на шампионите, па затоа екипата сака да му приреди најубав можен крај на оваа долгогодишна авантура. Дибиров остави силна трага во елитата, двапати беше европски шампион со Вардар и прикажуваше феноменални партии додека беше член на „црвено-црните“.

„Очекуваме тежок и сериозен натпревар. Сакаме да се простиме од нашата публика со победа во загрепската „Арена“, а исто така и да му приредиме спектакуларно збогување на Тимур Дибиров, играч кој го одбележа ова натпреварување во толку многу сегменти“, изјави тренерот Велимир Петковиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници

Следно

Христијан Бузалковски ќе биде првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop