„Рак“ на белите дробови на Македонија: Доминираат загубените шумски површини во споредба со новите

November 14, 2024
1 min read

Со помош на Google Earth Engine, а врз основа на Hansen Global Forest Change v1.11 (2000-2023) базата на податоци, изработена е карта на загубата на шумски површини и на „нови“ шумски површини во Македонија, за периодот 2000-2023 година, објави денеска граѓанската иницијатива Охрид СОС, повикувајќи се на визуелизацијата на ИГЕО.

Од мапата приложена со објавата, видливо е дека значително доминираат површини со загуба на шуми во однос на новите.

Ако на ова се додаде и состојбата со пожарите во 2024 година, која не е опфатена со оваа статистичка визуелизација, ситуацијата е навистина загрижувачка. Последиците пак, стануваат сè пожестоки, особено во поглед на еколошките ефекти, биодиверзитетот и сè поголемите природни непогоди (како што се поплави, свлечишта, ерозија).

Овој тренд уште повеќе ќе се засилува како последица на антропогено предизвиканите климатски промени, предупредуваат од Охрид СОС.

Во Охридскиот Регион, губењето на шумите особено е забележително на планината Јабланица. Министерство за животна средина безмалку две децении го одолговлекува процесот и наместо да ја прогласи Јабланица за национален парк, им остава мегдан на дрвокрадците и другите уништувачи на планината, укажуваат од граѓанската иницијатива Охрид СОС.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минчев учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерство за отворена власт

Следно

ЉУТКОВ И КИМОВСКИ ЌЕ БАРААТ ВИНОВНИК ЗОШТО МНТ, ИЗГРАДЕН ЗА 40 МИЛИОНИ ЕВРА, Е ВО ОЧАЈНА СОСТОЈБА

Latest from Blog

Ужас во парк во Калифорнија: Барале велигденски јајца, пронашле човечки череп (ВИДЕО)

Остатоци се откриени во неделата попладне во паркот Де Форест во Лонг Бич, соопшти градската полициска станица. Откритие во близина на планинарска патека Службениците подоцна потврдија дека черепот е човечки, а Канцеларијата

Волонтерството е популарно во развиените земји: каква е состојбата во Македонија?

Волонтирањето кај македонските граѓани не е толку застапено како во развиените земји ако судиме според статистички податоци. Некои анализи покажуваат дека Македонија ја има една од најниските стапки на волонтирање во светот

ЛШ: Баерн го „замолкна“ Мадрид, Хаверц во фото-финиш за победа на Арсенал (ВИДЕО)

Баварскиот гигант со предност од 2:1 заминува на домашен терен очекувајќи го реваншот со Реал (М) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Одлично тактички подготвениот тим на Винсен Компани покажа дека е
Go toTop