Дербито на вечерта во Лигата на шампионите, помеѓу Баерн Минхен и Арсенал, понуди спектакуларен фудбал, а на крајот и двете екипи ќе мора да се задоволат само со по бод.
„Топчиите“ дојдоа во водство преку Езе, а Баерн направи пресврт со головите на Дејвис и Кејн. Конечните 2-2 ги постави Деклан Рајс во 82-рата минута.
Реал Мадрид забележа рутинска победа над Лајпциг од 4-1. Бернардо Силва погоди во првото полувреме, а во вториот дел прецизни беа уште и Ѓулер, Мбапе и Диоманде. Почесниот гол за гостите беше дело на Гомис.
Голот на Карлос Августо во 77-мата минута беше доволен за Интер да дојде до победа од 1-0 над Шахтер Доњецк.
Најголемото изненадување го приреди шампионот на Австрија, ЛАСК Линц, откако со 2-3 славеше над Спортинг Лисабон на гостински терен.
Резултати:
Комо – Манчестер јунајтед 4-1
Лил – Галатасарај 2-4
Астон вила – Викинг 3-1
Баерн Минхен – Арсенал 2-2
Бетис – Феенорд 1-0
Бриж – Ленс 3-0
Интер – Шахтер Доњецк 1-0
Реал Мадрид – Лајпциг 4-1
Спортинг Лисабон – ЛАСК Линц 2-3
Извор: sportmanija.mk

