Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ одговараше на прашање дали, доколку би била на позиција Државен јавен обвинител, би го разгледала обвинението поврзано со трагедијата во „Пулс“.
Таа истакна дека секој што ја извршува функцијата државен обвинител има обврска да биде целосно запознаен со предметите од јавен интерес, без разлика дали тоа некој го бара или не.
„И никој ништо да не бара, и никој ништо да не збори и да е довербата голема, тој што ќе седне како Државен обвинител должност му е да го отвори тој предмет, да ги побара обвинителите коишто работеле и да го запознаат, да го напојат со информации како течела истрагата, како дошло до правно квалификување вакво какво што е, како се одвива главната расправа, за да тој може да биде во тек, затоа што во секој момент тој е лицето на обвинителство кое седи во судницата и треба да знае“, изјави Раичевиќ.
Со ова, таа нагласи дека информираноста и следењето на текот на постапките се клучни за одговорно извршување на функцијата, особено во случаи кои предизвикуваат силен јавен интерес.


