Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ во битка за трофејот во одбојкарскиот шампионат

April 18, 2025
1 min read

Одбојкарките на Работнички Скопје ја добија мајсторката со Наковски Волеј и обезбедија пласман во финалната плејоф серија каде за ривал ќе го имаат составот на Јанта Волеј КВ.

Девојките на Душко Деспотовски беа многу подобри во третиот меч од полуфиналето и со 3:0 (25:17, 25:23, 25:23) му зема мерка на Наковски Волеј на соочувањето во „Борис Трајковски“.

Јанта Волеј КВ од претходно си ја заврши работата и со чисти 2-0 ја доби серијата со Фит Фан Волеј.

Финалната серија кај дамите стартува на 26 април, а титулата ќе ја освои екипата која прва ќе дојде до три победи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно со локални врнежи од дожд – температурите до 24 степени

Следно

Дел од Ново Лисиче ќе биде три часа без струја

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop