Работна посета на Муртезани во Брисел

February 3, 2025
1 min read

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на 4 и 5 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари низа средби со високи претставници на Европската Унија, Европскиот парламент и Европскиот економски и социјален комитет.

Во рамките на дводневната посета, предвидено е министерот Муртезани да оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која ќе се разговара за напредокот на  Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, Реформската агенда и следните чекори во преговарачкиот процес. Предвидени се средби и во Европскиот парламент со Тајс Роитен и Матеј Тонин, известители во сенка за Македонија, како и со Карло Реслер, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ, на која ќе се разгледаат можностите за зајакнување на парламентарната соработка меѓу Скопје и Брисел и засилување на политичката поддршка во Европскиот парламент за напредокот на земјата.

Во агендата на МЕП Муртезани предвидени се средби и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), со кого ќе разговара за актуелните политички и безбедносни предизвици во регионот, како и за геополитичките аспекти на проширувањето, а ќе има и состанок со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), Оливер Ропке.

Работната посета на министерот Муртезани на Брисел претставува уште една можност за интензивирање на дијалогот со институциите на Унијата и зацврстување на поддршката за европската интеграција на Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојкотот во ФБиХ без ефект – прометот во продавниците дури и зголемен

Следно

Костадиновски-Ортиз: Зајакнување на соработката со Шпанија преку билатерални средби на уставните судови

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop