Путин започна чистка во војската

June 29, 2023
1 min read

Кремљ започна „масовна чистка во редовите на руските вооружени сили“ после бунтот на Вагнер, тврдат западни извори повикувајќи се на руски воени дописници.

Се вели дека истрагите таргетираат луѓе осомничени за неуспехот да се спречи бунтот или пак за нивна соработка во тоа а меѓу осомничените има високи команданти.

Се тврди дека началникот на генералштабот на Русија, генералот Валериј Герасимов, кој е еден од најчесто обвинуваните за руските воени неуспеси, „формално ја задржува својата функција, но „повеќе не е вклучен во одлуките“ поврзани со инвазијата на Украина.

Целокупната команда на „специјалната воена операција“ сега му е предадена на командантот на воздухопловните сили Михаил Теплински, велат повеќе руски воени канали.

Генералот Сергеј Суровикин за кој се смета дека е во блиски врски со првиот човек на Вагнер, Евгениј Пригожин, не е виден од крајот на бунтот и се тврди дека е на распит безбедносните служби.

Сликата дополнително е комплицирана поради бројот на високи команданти кои оперирале и во врвот и на руската војска и во платеничката фракција. Поранешниот заменик министер за одбрана Михаил Мизинцев беше отпуштен од функцијата во април, а една недела подоцна му се приклучи на Вагнер. И тој се соочува со истрага за можна улога во бунтот.

Истрагите се протегаат и на пониските чинови на војската кои не успеаја да го запрат маршот кон Москва.

Владимир Путин ја остави отворена можноста за дисциплински постапки за финансиски малверзации против Вагнер, наспроти договорот по кој учесниците во бунтот ќе заминеа за Белорусија, ќе се приклучеа на руската војска или ќе ги симнеа униформите.

„Пригожин сега сфаќа дека „амнестијата“ што ја доби во договорениот договор ги покрива само кривичните пријави за бунт“, твитна политичкиот аналитичар Дмитри Алперович. „Тој сега може да биде кривично гонет за нови неповрзани обвиненија како што се злоупотреба на државен имот, корупција, даночно затајување…. „Таквите обвиненија дури и не мора да се измислуваат, бидејќи Пригожин е речиси сигурно виновен за многу горенаведени прекршоци“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Франција од вечерва воведува полициски час во регионот каде што избувнаа немири

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тодор Петров, Ристовски од ИНТЕГРА, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на собирот на МПЦ-ОА, Мицкоски вели да можел и тој би одел

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop