Путин: Соработката меѓу Туркије и Русија успешно се развива во сите области

September 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека соработката меѓу Туркије и Русија се одвива успешно во широк спектар области, јавува Анадолу.

„Повеќеслојната соработка меѓу Русија и Туркије, која се заснова врз принципите на добрососедство, партнерство и заемна корист, успешно се развива во сите области“, рече Путин на прес-конференцијата во приморскиот град Сочи со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Зборувајќи дека со претседателот Ердоган разговарале за клучни прашања во духот на билатералната соработка, Путин рече дека средбата се одржала во „конструктивна и деловна атмосфера“.

„Разменивме мислења за актуелните теми од меѓународната и регионалната агенда“, истакна Путин.

„Без сомнение, денешните разговори ќе послужат за понатамошен развој на руско-турското партнерство во сите области“, додаде тој.

Путин рече дека тој и Ердоган констатирале континуираниот раст на трговската размена меѓу двете земји, додавајќи дека обемот на трговијата е зголемен за 86 отсто, достигнувајќи рекордни 62 милијарди долари на крајот на 2022 година, што подоцна порасна за уште 4 отсто во првата половина од оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните маршираа против случувањата во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија

Следно

Ликовни изложби, театарски претстави и богати фестивалски денови во штипскиот Центар за култура ,,Ацо Шопов” во септември

Latest from Blog

Македонски Концепт – Чаир со заеднички ифтар за верниците

ИФТАР – ОК на МК Чаир Во духот на почитта, заедништвото и меѓусебното разбирање, Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Чаир организираше заеднички ифтар за нашите членови и пријатели припадници на исламската

Напад во Мичиген: Со автомобил се забил во синагога, па почнал да пука (ВИДЕО)

Вооружениот човек е убиен откако со автомобил влетал во синагога во пошироката област на Детроит, потврдил полицаец за CNN. Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд им кажа на новинарите дека обезбедувањето на

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не

Жичницата на Водно привремено нема да биде во функција

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција. Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување
Go toTop