Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“, Трошев, бара формирање доброволни единици во Украина

September 29, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот командант на паравоената група „Вагнер“, Андреј Трошев, и побара од него да формира доброволни воени единици за „специјалната воена операција“ на Москва во Украина, соопшти денес Кремљ, пренесува Анадолу.

Состанокот, на кој учествуваше и заменик-министерот за одбрана Јунус-Бек Јевкуров, се одржал синоќа во Кремљ, се наведува во соопштението на прес-службата на Кремљ.

Путин побарал од Трошев да формира доброволни единици кои ќе може да извршуваат различни борбени задачи во зоната на операцијата.

„Вие и самите се борите во ваква единица повеќе од една година, знаете што е тоа, како се работи, знаете однапред за прашањата што треба да се решат за борбените дејствија да се одвиваат на најдобар и на најуспешен начин“, нагласил Путин.

Трошев е пензиониран полковник и поранешен началник на групата „Вагнер“. Тој не го поддржа краткотрајниот вооружен бунт на Евгениј Пригожин против Москва во јуни.

Според портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, Трошев сега работи со Министерството за одбрана.

По неуспешниот бунт, Путин на 29 јуни имаше тричасовна средба со 35 команданти на „Вагнер“ и им понуди да продолжат да служат во армијата под водство на Трошев, но Пригожин одби.

На 23 август, приватен авион што леташе од Москва за Санкт Петербург се урна во руската Тверска Област, при што загинаа сите во авионот, меѓу кои и Пригожин и воениот командант на „Вагнер“, Дмитриј Уткин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милан Радоjчиќ призна: Јас го организирав нападот на Косово!

Следно

Вучиќ: Милан Радоичиќ поднесе оставка од местото потпретседател на Српската листа

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop