Путин: Русија ќе возврати ако се употреби касетна муниција против неа

July 16, 2023
1 min read

Путин вели дека неговата земја го задржува правото да возврати додавајќи дека Москва има доволно резерви на различни видови касетна муниција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека испораката на касетна муниција од Вашингтон во Украина треба да се третира како злосторство.

„Самата администрација на Соединетите Американски Држави (САД) употребата на касетна муниција пред извесно време ја нарече злосторство. Мислам дека тоа треба да се третира на тој начин“,

рече Путин.

Путин додал дека неговата земја го задржува правото да возврати додавајќи дека Москва има доволно резерви на различни видови касетна муниција.

„Досега не сме го направиле тоа, не сме го користеле ниту сме имале таква потреба и покрај познатиот недостиг во одреден временски период. Но, се разбира, ако тие се користат против нас – го задржуваме правото да возвратиме“,

вели Путин.

Тој смета дека САД ја снабдуваат Украина со касетна муниција поради општиот недостиг на муниција.

„Украинската армија троши од 5 000 до 6 000 гранати дневно за воени дејствија, додека САД произведуваат 15 000 месечно. Немаат доволно, и Европа веќе нема доволно“,

вели тој.

Касетните бомби се забранети во повеќе од 100 земји поради опасноста што ја претставуваат за цивилите. Овој тип вооружување ослободува многу помали бомби кои можат неселективно да убијат на релативно широк простор. Неексплодираните бомби може да стојат на терен со години, а потоа да се активираат.

Претседателот Џо Бајден изјави дека разговарал со сојузниците за одлуката, која била дел од пакетот воена помош вреден 800 милиони долари. Тој рече дека му требало некое време самиот да се убеди тоа да го направи тоа, но дека го презел чекорот затоа што на Украинците им снемувало муниција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарско МНР: Софија нема нови услови за С Македонија, очекува исполнување на веќе договореното

Следно

Владица Брдаровски повторно фудбалер на ФК Вардар

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop