Путин разговараше со Алиев за падот на азербејџанскиот авион во Казахстан, се извини за инцидентот

December 28, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за овонеделната авионска несреќа на „Азербејџан ерлајнс“ во Казахстан и упати извинување и сочувство, пренесува Анадолу.

„Владимир Путин се извини за трагичниот инцидент што се случи во рускиот воздушен простор и уште еднаш изрази длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените“, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин истакна дека азербејџанскиот патнички авион направил повеќе обиди за слетување во градот Грозни, Чеченија, во време кога руските системи за противвоздушна одбрана активно реагирале на напад со украински дронови.

Тој му рекол на Алиев дека Рускиот истражен комитет покренал случај според член 263 од Кривичниот законик, кој опфаќа прекршување на правилата за безбедност и работа во воздушниот сообраќај.

„Во тек се прелиминарните истражни дејствија, во рамките на кои се вршат консултации со цивилни и воени експерти“, се додава во соопштението.

Во средата, авион на „Азербејџан ерлајнс“ при лет од главниот град на Азербејџан, Баку, за Грозни, се урна во близина на градот Актау во Казахстан, при што загинаа 38 лица, а меѓу вкупно 67-те во авионот, а преживеаја 29.

Двајца претставници на азербејџанското Главно обвинителство во моментов се во Грозни и соработуваат со руски претставници од Канцеларијата на Генералното обвинителство и Истражниот комитет.

Различни служби од Русија, Азербејџан и Казахстан тесно се координираат на местото на несреќата во близина на Актау за санирање на последиците од катастрофата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства

Следно

Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop